top of page

Прашање:

Имав опсесивни размислувања за Иманот. Кога сум го прашал еден студент за значењето на

Иманот, тој ми рече:


"Тоа е дефинитивна ратификација на шеријаттот, што му беше објавено на Мухамед صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّم".


Дали неговиот говор е точен?


Одговор:

Тоа е говорот на Мурџи'ах. Иман е да посведочиш

со јазикот, да веруваш со срцето и да покажиш

во пракса на дела. Тоа е верувањето на

Ахл-ус-Суннах Вел-Џемах. Значи не станува

збор само за ратификација.


(Шејх Салих бин Фавзан ал-Фавзан)

Алах Тебареке вете ала рече:


وَمَا خَلَقْتُ الْجِنَّ وَالْإِنسَ إِلَّا لِيَعْبُدُونِ


И џиновите и луѓето Ние ги создадовме само

да Не обожаваат. (51:56)


Кој може да има корист од 'ибадетот? Аллах?

Алах е богат и нема потреба од тоа. Тогаш,

кој има корист од тоа? тој е човекот кој што

има корист од тоа. Алах му нареди на

човекот да прави `ибадет за своја корист.


Му нареди на човекот да го обожава за негова корист а не за користа на Аллах. Алах нема

потреба од луѓето:


إِن تَكْفُرُواْ أَنتُمْ وَمَن فِي الأَرْضِ جَمِيعًا فَإِنَّ اللّهَ لَغَنِيٌّ حَمِيدٌ

„Ако не верувате, и вие и сите оние на земјата... та, Аллах, навистина, е Богат и за благодарност Достоен!“ (14: 8)


إِن تَكْفُرُوا فَإِنَّ اللَّهَ غَنِيٌّ عَنكُمْ وَلَا يَرْضَى لِعِبَادِهِ الْكُفْرَ

“Па ако не верувате... та, Аллах, навистина,

е независен од вас, и не е задоволен со неверувањето на робовите Свои.“ (39:7)


Неговата моќ е совршена. Неговото Господарство е совршено. Тој Нема потреба од никого. Робовите имаат потреба од Него. Аллах им нареди да го обожаваат Него за своја корист (за самите себеси),

а не за користа на Аллах سبحانه وتعالى. Човекот

мора тоа да го има на ум:


وَمَا خَلَقْتُ الْجِنَّ وَالْإِنسَ إِلَّا لِيَعْبُدُونِ مَا أُرِيدُ مِنْهُم مِّن رِّزْقٍ وَمَا أُرِيدُ أَن يُطْعِمُونِ

И џиновите и луѓето Ние ги создадовме

само да Не обожаваат.

Не барам од нив 'рск некаков и не

барам да Ме нахранат. (51:56-57)

Аллах нема потреба од вас


إِن تَكْفُرُوا فَإِنَّ اللَّهَ غَنِيٌّ عَنكُمْ

Па ако не верувате... та, Аллах, навистина,

е независен од вас, (39:7)


إِن تَكْفُرُواْ أَنتُمْ وَمَن فِي الأَرْضِ جَمِيعًا فَإِنَّ اللّهَ لَغَنِيٌّ حَمِيدٌ

„Ако не верувате, и вие и сите оние на земјата...

та, Аллах, навистина, е Богат и за благодарност Достоен!“ (14:8)


Неговата سبحانه وتعالى Власт е Совршена.


( `Алламах Салих бин Фавзан ал-Фавзан )

`Ибадетот се изградува врз основа на Љубов, затоа што Љубовта е најголемиот вид на 'Ибадет. Тој што обожава нешто, тоа го прави само затоа што тоа нешто го сака. Верниците го сакаат Аллах с.в.т Со искрена Љубов. Затоа, го обожаваат:


وَالَّذِينَ آمَنُواْ أَشَدُّ حُبًّا لِّلّهِ

А оние кои веруваат поцврсто го сакат Аллах. (2:165)


وَمِنَ النَّاسِ مَن يَتَّخِذُ مِن دُونِ اللّهِ أَندَاداً

“Меѓу луѓето има и такви кои, покрај Аллах, прифатија други здруженици…” (2:165)


Партнери му придружуваат:


يُحِبُّونَهُمْ كَحُبِّ اللّهِ

“Сакајќи ги како што се сака Аллах.! (2:165)


Тие така ги сакат како што треба Аллах да се сака.

Тие ги обожаваат со Љубов. Ова се нарекува Ширк во Љубов и тоа е најголемиот вид на Ширк, والعياذ بالله. Мушриците ги обожаваат овие гробови, статуи и идоли затоа што ги сакаат. Затоа се борат за нив и го жртвуваат животот. Нивните срца се приврзани кон нив. Тие ги сакаат. Да не ги сакаа, не би ги обожавале покрај Аллах:


وَمِنَ النَّاسِ مَن يَتَّخِذُ مِن دُونِ اللّهِ أَندَاداً يُحِبُّونَهُمْ كَحُبِّ اللّهِ


“Меѓу луѓето има и такви кои, покрај Аллах, прифатија други здруженици, љубејќи ги како што се љуби Аллах!” (2:165)


Тие ја споделуваат својата Љубов помеѓу Алах и овие статуи и гробови.


Тоа е поголем Ширк. Што се однесува до верниците, тие го сакаат Аллах со искрена Љубов и затоа, ништо не му придружуваат.


(Шејх Салих бин Фавзан ал-Фавзан)

bottom of page